ЗАМОР И ДЕПРЕСИЈА, НЕСОНИЦА, БОЛКИ ВО КОСКИТЕ… Кои се симптомите на недостаток на витамин Д и која храна го содржи?
Симптоми на недостаток на витамин Д, особено во периодот есен-зима, кога нема сонце, може да бидат заморот и депресијата, мускулната слабост, проблемите со спиењето, несоница, болка во коските и зглобовите, опаѓање на косата, губење на апетитот, …
Витаминот Д (калциферол), често наречен витамин на сонцето, е неопходен за нормално функционирање на телото. За разлика од другите витамини, телото може да го произведе самостојно.
Витаминот Д или калциферол се користи сè повеќе за превенција и лекување на бројни болести. Современиот начин на живот и честите престојувања во затворен простор се фактори на ризик за недостаток на витамин Д. Дознајте подолу што е витамин Д, како влијае на телото, кои се симптомите на недостаток на овој важен витамин, во која храна се наоѓа и колку долго треба да се зема.
Што е витамин Д и како влијае на телото?
Витаминот Д или калциферол е витамин растворлив во масти. Внесувањето на доволни количини на витамин Д помага во растот и развојот на коските и забите, како и во подобрата отпорност на одредени болести. Витаминот Д има и многу други здравствени придобивки. Бројни студии укажуваат на неговиот антиканцероген ефект, а потврдено е дека може да игра улога во намалувањето на ризикот од мултиплекс склероза. Витаминот Д е еден од ретките витамини што нашето тело може да ги произведе самостојно. Имено, тој настанува во нашиот организам со синтеза под влијание на сончевата светлина.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.