НЕМА ПОПАТРИОТСКИ ДОКУМЕНТ ОД РЕЗОЛУЦИЈАТА ШТО ЈА ПРЕДЛАГАМЕ Филипче прашува кога партиите ќе се изјаснат за предлогот на СДСМ

Во резолуцијата не стои ништо друго од сите историски елементи од 1991 па наваму, за стратешки правци, интеграција во ЕУ, декларација донесена за црвени линии на барање на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години во Собрание, која заеднички ја изгласавме - рече Филипче.

1

И утре да се случат уставни измени ние не сме спремни да ги почнеме преговорите да ги отвориме поглавјата – рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во гостување на ТВ Телма.

Филипче рече дека во изминатиот период и во претходните мандати се решиле крупни договори како што е Преспанскиот договор, со кој Македонија влезе во НАТО и ги обезбеди границите.






– Дали се разочаравме од тоа што немаше чекор напред кон ЕУ – да. Дали сме ние поголеми предавници што ја сакаме земјата интегрирана во Европа и богата благодарение на европските фондови, наспроти ВМРО-ДПМНЕ што ја сака изолирана и сиромашна како што ја држи – праша Филипче.

На прашање за предлог-резолуцијата за тнр. „црвени линии“ што ја подготви СДСМ, Филипче рече дека таму нема никакво предавство, туку тоа е само еден инструмент.

– Во резолуцијата не стои ништо друго од сите историски елементи од 1991 па наваму, за стратешки правци, интеграција во ЕУ, декларација донесена за црвени линии на барање на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години во Собрание, која заеднички ја изгласавме – рече Филипче.

Лидерот на СДСМ потенцираше дека документот е работна верзија која била испратена до сите партии, од кои се уште нема одговор.

– Зарем има попатриотски документ, позади кој заедно стоиме за црвените линии? Тоа им е дадено на партиите, да ги чуеме нивниот фидбек, и потоа заедно да одиме во Собранието. И утре да се случат уставни измени ние не сме спремни да ги почнеме преговорите, да ги отвориме поглавјата затоа што трите главни патокази не се донесени – за владеење на правото, акцискиот план, малцинствата, за јавната админситрација, ништо не е донесено. Тие едноставно не работат на реформите – рече Филипче.

Поврзани содржини