НАЈНАСЕЛЕНИОТ ГРАД ПОЛЕКА ТОНЕ, СВЕТОТ СЕ ЧУДИ Џакарта се бори за секој сантиметар
Научниците предупредуваат дека градот пропаѓа по шест сантиметри секоја година. Причината е длабоко во земјата: прекумерно испумпување на подземните води, а над неа — милиони тони бетон и стакло кои не пропуштаат дождовница да се впие назад во почвата.
Градот кој некогаш ја симболизираше азиската иднина, денес буквално тоне. Џакарта, најнаселениот град на светот со 42 милиона жители, исчезнува под сопствените згради. Дури 40 % од градската површина веќе е под нивото на морето, јави Форбс.
Меѓутоа, најстрашното дури следува. Научниците предупредуваат дека градот пропаѓа по шест сантиметри секоја година. Причината е длабоко во земјата: прекумерно испумпување на подземните води, а над неа — милиони тони бетон и стакло кои не пропуштаат дождовница да се впие назад во почвата.
Еве го документарното видео на National Geographic кое го објаснува драматичното тонење на градот:
Понатаму, индонезиската влада веќе почна со план за спас — префрлање на престолнината во сосема нов град, Нусантара, на островот Борнео. Таму, на повеќе од 870 километри северно, се гради метропола вредна 35 милијарди долари, наводно целосно напојувана со обновлива енергија.
Сепак, промената нема да биде лесна. Урбанистите и екологистите предупредуваат дека тонењето не може да се сопре без да се намали црпењето на подземните води. Еколошките организации веќе алармираат дека до 2050 година третина од Џакарта ќе биде под вода ако не се преземат радикални мерки.
Од друга страна, пренесува „Ројтерс“, локалните жители велат дека „сè уште немаат друг дом“. Додека политичарите зборуваат за иднината, тие живеат со пумпи на покривите и вода под праговите.
Иронично, токму Џакарта, град изграден на устието на реката Чиливунг, денес е заробеник на сопствените води. Сликата на моторни чамци што минуваат покрај продавници и училишта стана секојдневие.