🎥 ТАА ИМА 101 ГОДИНА И ОСТЕОАРТРИТИС, НО НЕ ПРЕСКОКНУВА НИТУ ЕДЕН ТРЕНИНГ „Кревам тегови по два часа секој ден“
Виталната Шпанка ја преживеала Втората светска војна, рак на дојка, две фрактури на колкот, операција на очите и Ковид
Има сè повеќе импресивни примери на стогодишници кои докажуваат дека возраста не мора да биде пречка за активно и силно тело.
Иако многу луѓе мислат дека луѓето на таа возраст треба да забават, некои 100-годишници секојдневно ги кршат предрасудите и се жив доказ дека виталноста може да се зачува длабоко во староста.
Многумина сметаат дека вежбањето само еднаш неделно е победа, но една 101-годишна жена вели дека секојдневниот тренинг и маслиновото масло се тајната на нејзиниот долг и здрав живот.
View this post on Instagram
Ињакси Ласа од Шпанија отсекогаш водела многу активен живот, па затоа решила да биде најстарата личност во теретана, а не најмладата личност во дом за стари лица.
Таа преживеала Втората светска војна, рак на дојка, две фрактури на колкот, операција на очите и Ковид.
И покрај тоа што живее со остеоартритис, состојба што предизвикува вкочанетост и болка во зглобовите бидејќи заштитната ‘рскавица на краевите на коските се распаѓа, Ласа никогаш не пропушта ниту еден ден вежбање.
Таа почнала да оди во теретана на 94-годишна возраст и почнала да користи тегови за да изгради мускули, да ги зајакне коските и да го забави почетокот на деменцијата, пишува Дејли Меил.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.