БЛЕСКАЈТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЧНИТЕ ДЕНОВИ ИСПОЛНЕТИ СО МНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА Новогодишен #скрозјас моден стил за незапирливите девојки

Блескајте со вашиот #скрозјас моден стил за време на веселите празнични денови исполнети со многу изненадувања!

34

Во ноември сите вредно работевме, вежбавме во теретана и се релаксиравме во мирните есенски денови со топло чајче, салеп со цимет или со чаша црвено вино.

Во декември, приказната е друга – празничната магија и еуфорија веќе ја намирисавме во воздухот, а за само неколку дена и ќе ја почувствуваме со нејзината топлина и блесок.






Време е да се опуштите, да се дотерате и да ги прославите сите мали и големи победи кои ги извојувавте годинава! Ајде да видиме од каде да започнете со подготвување за најубавиот дел од годината со вашиот новогодишен моден погодок!

Новогодишен моден стајлинг за девојки со незапирлив дух

Животот ви е еден, па затоа не се срамете да го облечете вашиот најсветкав фустан или вашата највпечатлива комбинација која сè уште не видела ден надвор од вашиот плакар.

Оваа есен-зима истакнете ја вашата силуета со чипкани комбинации, кожни здолништа, долги фустани и материјали што нежно и заводливо ја следат вашата фигура.

Свилените кошули со широки и лелеави ракави се повторно во тренд, особено во нијанси на бургунди, зелена пистачио боја, прљаво жолта и невестинско бела боја.

Експериментирајте со стилови, играјте си со модни додатоци, шалови, капи, наметки…

Оставете ги сите грижи зад себе и блеснете како вистинска холивудска ѕвезда!

Нашминкајте се со највеселите и најсветкавите нијанси од палетата со сенки за очи на Catrice, или пак истакнете го вашиот поглед со smokey сенка и туш за очи.

Кога ќе завршите со вашиот make-up ритуал, облечете ги омилените штикли, пуштете ја најзабавната песна и танцувајте низ секој ден од декември сè додека не ја дочекате 2026-та со насмевка и огномет во очите.

Одморете ден два, па продолжете со исто темпо и во новата година…

Вашиот дух е незапирлив, ослободете го вашето вистинско #скрозјас и дозволете му да заблеска каде и да сте.

Покрај беспрекорниот fashion изглед и специјално одбраните модни парчиња, овој месец, изненадете се и со trend !t up Advent календарот „Beauty-full Christmas“ кој ви носи 24 секојдневни мини изненадувања.

Нов ден, ново поклонче за зимски денови исполнети со многу beauty изненадувања, шминка, нега за вашето лице и тело, како и многу други алатки за убавина кои ќе ви го олеснат и разубават зимското секојдневие.

Пропрскајте се и со омилениот парфем и спремна сте за дружба со вашите пријатели и парадирање по урбаните локали низ вашиот град.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Вашиот dm, како и секоја година ви ги спреми најубавите beauty и козметички изненадувања – нанесете од trend !t up Gleamy Glam Topping Flakes кој дава фин ефект на усните, веѓите или на образите, доволно суптилен за преку ден, а совршено блескав за вечерни излегувања.

За да ја дополните вашата празнична бајка, домот нека ви виде исполнет со шарени лампиони, светкави украси и безброј насмевки – сезоната на мали изненадувања може да започне!

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Поврзани содржини