ДУРИ 85% ОД ВИСИНАТА СЕ ФОРМИРА ПРЕД ПУБЕРТЕТОТ Децата мора да имаат здрава исхрана, доволно сон и физичка активност
Педијатриските ендокринолози предупредуваат дека дури 85% од конечната висина се стекнува пред пубертетот, а дека пубертетот носи само околу 15% раст, поради што раното препознавање на проблемот е клучно.
Растот е најдобар показател за здравјето и исхраната на детето. Нискиот раст не е само естетски проблем, туку може да биде и знак за посериозни здравствени проблеми. Посебно внимание се посветува на недостатокот на хормон за раст кај децата, бидејќи последиците од оваа состојба можат да бидат далекусежни, од нарушувања на развојот на коските и мускулите, до ефекти врз метаболизмот и имунолошките функции, до потенцијални кардиоваскуларни проблеми.
Растот не е само бројка на висинометарот, туку симбол на здраво детство. Практиката покажала дека момчињата се прегледуваат почесто, бидејќи родителите повеќе се грижат кога момчето е пониско од своите врсници, додека девојчињата се носат на прегледи поретко, иако тие исто така можат да имаат нарушување на растот. Затоа е важно секое дете, без оглед на полот, да има еднаква шанса за навремена дијагноза.
Денес, систематските прегледи во здравствените центри не се толку сеопфатни како порано, па затоа голем број деца ја проверуваат својата висина за првпат, дури во подоцнежна училишна возраст. Затоа кампањите за рано мерење во училиштата се особено важни.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.