СТОКАТА ИСЧЕЗНА ПО „НОВО УПАТСТВО“ Хакирана пошта го пренасочила товарот во Германија
Фирма од Кавадарци остана без стока вредна 80.000 денари поради хакирана е-пошта, полицијата истражува кој стои зад измамата.
Сопственик на фирма од кавадаречко пријавил дека бил измамен и оштетен за 80.000 денари поради хакирана електронска пошта, соопштија од полицијата.
Според информациите од СВР Велес, измамата била пријавена вчера во 09:00 часот во ОВР Кавадарци, кога 51-годишен жител од кавадаречко село објаснил дека преку европска транспортна платформа добил лажна порака од хакиран е-мејл адреса.
Во пораката му било наведено дека стоката која неговата фирма ја товарила во Германија треба да се истовари на друга локација, различна од претходно договорената. Тој ја следел инструкцијата, по што стоката била предадена и исчезнала, не стигнала кај нарачателот и, како што се сомнева полицијата, била противправно присвоена.
– Работиме на целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителите. За настанот е известен и јавен обвинител – велат од СВР Велес.