ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО СЀ ЗА ЕПШТАЈН Конгресот на САД донесе наредба Министерството за правда да ги објави досиејата за сексуалниот престапник

Дури 427 претставници гласаа „за“ усвојување на наредбата, а „против“ беше само републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана.

145

Американскиот конгрес денеска речиси едногласно одлучи да му издаде наредба на Министерството за правда јавно да се објават сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор и педофил, Џефри Епштајн.

Дури 427 претставници гласаа „за“ усвојување на наредбата, а „против“ беше само републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана.






Сега за одлуката за наредба ќе се гласа во Сенатот. Ако биде изгласана, тогаш треба да биде потпишана од претседателот Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе ја потпише.

Американските демократи во Претставничкиот дом минатата недела објавија над 20.000 документи од архивата на обвинетиот Епштајн, кој во 2019 година во притвор изврши самоубиство, откако беше уапсен за сексуални злосторства. Неговата поранешна девојка Гислејн Максвел отслужува 20-годишна казна затвор за сексуална трговија со деца.

Поврзани содржини