ВМРО-ДПМНЕ ПРИФАЌА НАДЗОРНА РАСПРАВА, АМА НЕ САМО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Под лупа нека бидат и другите трагедии

Во Собранието треба да се постават прашања и за модуларната клиника. Треба да се постават и прашањата и за тоа како одредени превозници коишто немале лиценци, и покрај тоа што 60 пати ја поминувале државната граница, доведоа до тоа да изгорат живи луѓе. За „Дурмо турс“ и за сите оние трагедии коишто го снајдоа овој народ, посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

357

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна кпмисија за трагедијата во Кочано, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии.

Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција.






– Но, со оглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво барање, ние таквото барање ќе го прифатиме. Но, кога разговараме за една ваква тема за која што ние исклучиво кажуваме дека е злоупотребувана за некрофилско добивање политички поени, треба ваквата Анкетна комисија да проширена и за сите да биде проширена и за сите други трагедии за кои нема ни кривична, ниту човечка, ниту политичка одговорност – рече Стојаноски.

Тој потенцира дека во Собранието тееба да се поставуваат прашања за сите претходни трагедии.

– Во Собранието треба да се постават прашања и за модуларната клиника. Треба да се постават и прашањата и за тоа како одредени превозници коишто немале лиценци, и покрај тоа што 60 пати ја поминувале државната граница, доведоа до тоа да изгорат живи луѓе. За „Дурмо турс“ и за сите оние трагедии коишто го снајдоа овој народ – посочи Стојаноски.

Повтори дека ќе ја посдржуваат ваквата Анкетна комисија но проширена со сите други трагедии.

– Да, ние ќе ја поддржиме ваквата Анкетна комисија, но и ќе бараме да биде проширена за сите трагедии за коишто за разлика од овој случај нема никаква ниту морална, ниту политичка, а ниту кривична одговорност – рече пратеникот Стојаноски.

 

Поврзани содржини