ЛЕКАРОТ ШТО ЈА ПРЕГАЗИ МАЈА САМ СЕ ПРИЈАВИ Македонецот со адвокат даде исказ во полициска станица во Софија

По жестоките реакции во јавноста, докторот Ненад Цоневски сам се појавил во полициска станица во Софија за да даде изјава за инцидентот што ја разбранува Бугарија.

1,428

Македонскиот доктор Ненад Цоневски, кој пред неколку дена прегази куче во Софија, денес сам се појавил во Третата окружна полициска станица во придружба на својот адвокат. Веста ја потврди директорот на Софиската дирекција за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов, кој изјави дека Цоневски целосно соработува со истрагата.

Станува збор за 28-годишен специјализант по торакална хирургија во Воено-медицинската академија во Софија, од каде вчера беше суспендиран поради отворањето на истражната постапка против него.






Инцидентот се случил на 9 ноември, кога докторот, излегувајќи со својот автомобил од гаража во населбата „Расадник“, го прегазил кучето по име Роксана, кое локалните жители го нарекувале Маја. Кучето претрпело тешки повреди и било еутанизирано во ветеринарна клиника.

– Мажот е обвинет според член 325 Б – за предизвикување смрт на ‘рбетно животно – изјави комесарот Николов.

На Цоневски му е одобрена кауција од 5.000 лева, а според полицијата, тој бил мирен и кооперативен при појавувањето во станицата.

Портпаролот на Окружното обвинителство, Николај Николаев, потврди дека според првичните докази, постои сомнеж за намерно сурово однесување кон животното, кое резултирало со сериозни повреди на ‘рбетот и парализа.

Случајот предизвика бурни реакции во бугарската јавност, а здружението на пациенти „Заедно со вас“ го осуди однесувањето на лекарот, барајќи посериозни санкции за насилство врз животни.

Бугарското обвинителство најави дека за вакви дела е предвидена казна од една до пет години затвор.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ЛЕКАР ВО СОФИЈА Прегазил куче, го погледнал и повторно поминал преку него

ЛЕКАРОТ ШТО ЗГАЗИ КУЧЕ „ПРЕГАЗЕН“ ВО ЈАВНОСТА Доби отказ, му се заканува затвор, побегна во Македонија…

Поврзани содржини