МАЖ ОД ТЕТОВСКО СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА Татко го пријавил нападот врз ќерката во дебарската полиција
Таткото на девојчето, 41-годишен жител на регионот, пријавил дека неговата ќерка била жртва на сексуален напад од маж од Тетовско.
Полицијата спроведува интензивна истрага поради пријава за силување на малолетно девојче во Дебарско. Според информациите, таткото на девојчето, 41-годишен жител на регионот, пријавил дека неговата ќерка била жртва на сексуален напад од маж од Тетовско.
Настанот, како што е наведено, бил пријавен вчера околу 15 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар. Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на случајот, а според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се работи интензивно на идентификација и приведување на осомничениот.
– Се преземаат сите потребни активности за целосно расчистување на случајот – изјави Димоски.
Поради заштита на малолетната жртва, од полицијата не откриваат повеќе детали. Истрагата е во тек.