УКРАИНСКИ И БРИТАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИ ПЛАНИРАЛЕ „ГОЛЕМ ЛЕТ“ ВО РОМАНИЈА Русија спречила саботажа на авион со хиперсонична ракета?

Според државните медиуми, рускиот пилот требало да го пренасочи авионот „МиГ-31“ кон базата на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би бил соборен од противвоздушната одбрана.

2,256

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека ги спречила украинските и британските разузнавачки служби да убедат руски пилоти да го украдат борбениот авион „МиГ-31“, вооружен со хиперсоничната ракета „Кинжал“.

Според државните медиуми, пилотот требало да го пренасочи авионот кон базата на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би бил соборен од противвоздушната одбрана.






Меѓутоа, ФСБ наведе дека навремено презела контрамерки и ги осуетила плановите за, како што ја нарекуваат, „голема провокација“.

„Преземените мерки ги спречиле плановите на украинските и британските разузнавачки служби за голема провокација“, изјавија претставници на ФСБ.

 

Според руската страна, на еден од пилотите му биле понудени 3 милиони долари и државјанство во замена за летот кон Европа. Руската државна телевизија емитуваше фотографии од наводни пораки и снимки од човек кој, како што се наведува, работел за двете разузнавачки служби.

Ракетата „Кинжал“ е една од најмоќните балистички ракети на Русија, способна да достигне големи брзини и да маневрира во текот на летот, со што се отежнува нејзиното пресретнување.

Од друга страна, Москва со години ја обвинува Велика Британија дека ја поддржува Украина во тајни операции на руската територија, додека Лондон смета дека руската инвазија претставува „империјална узурпација“. Британските власти редовно предупредуваат дека руските агенти се обидуваат да предизвикаат хаос низ Европа за да ја поткопаат демократијата.

Поврзани содржини