НИКОГАШ НЕ СУМ МЕШЕТАРЕЛ, А ТИ ПРОВЕРИ СИ ГО КВАЛИТЕТОТ НА ИЗВОРИТЕ СО КОИ СЕ ДРУЖИШ Пендаровски остро му одговори на Фрчкоски  

Македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум „мешетарел“ како многу други во чии кариери нема ништо друго освен заткулисни маневри и кафеанско озборување, му напиша Пендаровски на Фрчкоски.

3,548

Во врска со изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена во емисијата „Во Центар“ во која во негативен контекст го споменува името на Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата даде појаснување на неговиот профил на Фејсбук.

– Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум „мешетарел“ како многу други во чии кариери нема ништо друго освен заткулисни маневри и кафеанско озборување. Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради „квалитетот“ на изворите со кои се дружат – наведе Пендаровски.






📽️ ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ ГО ОБВИНИ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ДЕКА „МЕШЕТАРИ“ ВО СДСМ Лоби групи за рушење на Венко Филипче имаат и Оливер Спасовски и Петре Шилегов?!

Поврзани содржини