УНИВЕРЗУМОТ НЕ Е СИМУЛАЦИЈА, НИТУ КОД, ЕВЕ ЗОШТО! Реалноста е недофатлива и непоимлива, вели ново истражување

Речено поедноставно, не постои алгоритам, ниту квантен суперкомпјутер, што може да ја пресмета целосно реалноста на нашиот универзум. Според истражувачите од Британска Колумбија ова значи дека универузмот не може да се симулира преку компјутерска или каква било програма поради неговата емергентност и непредвидливост.

135

Физиачрите сметаат дека конечно ја побија познатата теорија дека нашиот универзум и сè што гледаме е симулација како во некоја видеоигра или холограм. Кој е аргументот против оваа теорија, која се сметаше за целосно можна?

Ново истражување на физичарот Мир Фајзал и неговиот тим од Универзитетот на Британска Колумбија тврди дека реалноста не може математички да се пресмета и дека, токму затоа, универзумот не може да биде симулација.






Речено поедноставно, тоа значи дека не постои алгоритам, ниту квантен суперкомпјутер, што може да ја пресмета целосно. Истражувањето, објавено во Journal of Holography Applications in Physics (јуни 2025), ја поврзува познатата Теорема за непотполност на математичарот Годел со Тарски и Чајтин, мислители што докажале дека постојат вистини кои логички системи не можат да се докажат сами по себе, јави Science Daily.

Со други теории, која било математичка теза не може да биде докажана со сопствените постулати, тие се недоволни за таа да биде докажана.

Меѓутоа, тимот на Фајзал првпат ја проширил оваа идеја и во физиката, тоа значи во целиот универзум.

Значи, ако во природата постојат процеси кои едноставно не можат да се пресметаат со математичка равенка, тогаш универзумот не може да биде код, програмерски код, ниту пак производ на некаква симуалција.

– Ниту еден (компјутерски) алгоритам не може да го совлада бесконечното математичко пресметување – истакнува Фајзал.

Со тоа, според авторите на статијата, се руши темелот на теоријата дека нашата реалност е холограм во нечиј процесор.

Сепак, ова откритие не ја поништува идејата дека универзумот е направен од инфорамции, па може да се каже дека е информатички универзум.

Напротив, тезата укажува дека таа структура од информации е подлабока од логиката и од математичкото пресметување.

Понатаму, авторите прашуваат: ако светот не е компјутер, што тогаш е? Енергија што самата се мисли? Или нешто што никогаш не може целосно да се дефинира?

Фајзал нагласува дека ова не е напад врз технологијата, туку потсетник дека математиката има граници.

– Можеби живееме во реалност којашто е акт на непоимливост – додава тој.

Поврзани содржини