📽️ ПРЕСВРТ ВО ПРАГА, ЧЕШКА МУ ГО ВРТИ ГРБОТ НА КИЕВ Прекин на помошта како божиќен подарок за Путин

Сметајте го ова за божиќен подарок од (чешкиот премиер) Бабиш за (рускиот лидер) Владимир Путин, изјави министерот за надворешни работи на Чешка во заминување во врска со симнувањето на украинското знаме од долниот дом на парламентот во земјата.

923

Новиот претседател на долниот дом на чешкиот парламент, Томио Окамура, нареди да се симне украинското знаме од зградата на парламентот, каде што се вее уште од 2022 година како знак на солидарност. Тој самиот објави видео како му држи скала на човек што ја симнува знамето, нарекувајќи го чинот „симболичен“.

– Украинското знаме е симнато по моја наредба, потребни беа само неколку секунди – изјави Окамура.






Окамура, лидер на десничарската популистичка партија Слобода и директна демократија (СПД), уште во изборната кампања ветуваше дека ќе ги отстрани украинските знамиња од институциите и ќе ја намали поддршката за бегалците.

Чешката влада под новото раководство на Андреј Бабиш најавува радикално намалување на воената помош за Украина. Според „Политико“, Чешка, која досега беше меѓу најверните поддржувачи на Киев, ќе ја пренасочи помошта од воена во хуманитарна, ставајќи акцент на „чешките безбедносни интереси“.

Уште повеќе, лидерот на новата коалиција „Мотористи“, Филип Турек, кој се споменува како иден министер за надворешни работи, изјави дека земјата ќе се фокусира на дипломатија и стабилност, а не на воена ескалација.

 

– Ќе ги одржуваме обврските кон НАТО, но ќе работиме на дипломатски решенија за мир – нагласи Турек.

Овој пресврт предизвика жестоки реакции во Прага. Министерот за надворешни работи во заминување, Јан Липавски, предупреди дека „намалувањето на воената помош ќе им донесе радост на руските војници на фронтот“.

– Сметајте го ова за божиќен подарок од Бабиш за Владимир Путин – изјави Липавски.

Од друга страна, Турек вели дека новата влада ќе настапи „прагматично и внимателно“ кон Москва, за да избегне енергетска и економска нестабилност во Чешка.

Сепак, експертите предупредуваат дека ваквиот став би можел да ја ослаби европската поддршка за Украина во пресрет на 2026 година, кога ЕУ планира да го финансира Киев преку замрзнатите руски средства.

Формално, новата влада допрва треба да биде потврдена, но промената на знамето веќе испрати јасна порака.

Поврзани содржини