ОВОЈ ЗНАК НА ЕТИКЕТАТА ЗНАЧИ ДЕКА ЈАБОЛКОТО Е ТРЕТИРАНО Зошто јаболките се премачкуваат со восок?

Многумина се прашуваат со што се прскаат јаболката за да изгледаат поубаво и да траат подолго, дали премачкувањето со восок е вообичаена практика, но и дали е ова оправдано и колку е опасно?

696

Премачкувањето на јаболката со восок не е задолжително, но многу често се користи од практични причини. На Инстаграм профилот на Ефективa (здружение на потрошувачи во Србија) беше споделено видео кое обрнува внимание на етикетата што „не сакате да ја видите на јаболко“.






Кога почнува со бројот 4, тоа значи дека е покриено со пестициди и восок – се вели во него. Објавата предизвика многу реакции, многумина прашаа со што се прскаат јаболката за да изгледаат поубаво и да траат подолго, а некои истакнаа дека премачкувањето со восок е вообичаена практика. Но, дали е оправдана и колку е опасна? Зошто јаболката се премачкуваат со восок?

Постојат многу причини за „восочење“ на јаболката и тие не се само „козметички“, туку имаат и практична функција, особено кога станува збор за овошје што се транспортира на долги растојанија или се складира пред продажбата. Овој процес го намалува губењето на вода од овошјето, го намалува ризикот од патогени, спречува расипување и овозможува значително подолг рок на траење. Патем, ги прави јаболката естетски попривлечни, посјајни.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини