УЧЕНИЧКА ДОПИРАНА ПО ТЕЛОТО НА УЧИЛИШТЕ ВО КОЧАНИ Таткото пријавил сексуално вознемирување
За случајот е известен јавен обвинител.
Родител (36) на ученичка во средно училиште во Кочани, вчера пријавил во локалната Полициска станица дека неговата 16-годишна ќерка била сексуално вознемирувана додека била во училиштето.
Според пријавата, малолетникот, кој бил нејзин соученик, ја допирал неговата ќерка по телото.
За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат активностои за постапување по пријавата, извести МВР.