ФИЛИПЧЕ ГО ВОДИ СДСМ КОН ПРОПАСТ Партијата падна на трето место, време е за нови лица, рече Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека резултатите од локалните избори покажуваат дека граѓаните ја поддржале визијата на ВМРО-ДПМНЕ и испратиле јасна порака против политиките на Филипче и Заев.

382

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на локалните избори, освојувајќи 54 општини на територијата на Република Македонија и градот Скопје. Според него, ваквите резултати се потврда дека граѓаните ја препознале искрената намера на партијата да ја обнови државата.

– Македонија направи вистински избор на локалните избори. Граѓаните ги препознаа чесните и искрените намери на ВМРО-ДПМНЕ да ја изгради државата повторно од темелите на промените – изјави Манасиевски.






Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ оствари историски победи во Кичево, Карпош и Струмица, а значајни резултати имало и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија, Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево. Победа, како што додаде, е забележана и во градот Скопје, каде што победил кандидатот Орце Ѓорѓиевски.

Манасиевски оцени дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) доживеал тежок пораз, освојувајќи само 6 општини, околу 126 илјади гласови и 230 советници.

– СДСМ е трета партија во државата, позади нашиот владин коалициски партнер Вреди. СДСМ на ова ниво никогаш не биле – рече Манасиевски.

Тој посочи дека граѓаните испратиле јасна порака против политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кој, како што рече, „сè уште ги држи конците во СДСМ“.

– Наместо да се оградат и дистанцираат од Зоран Заев, Филипче и раководството на СДСМ продолжуваат да го величат ликот и делото на човекот кој ја распродаде и уништи Македонија – изјави Манасиевски.

Според Манасиевски, СДСМ мора да направи темелни промени ако сака повторно да стане релевантна политичка сила.

– Потребни се итни промени во раководството на СДСМ. На Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ им е потребна силна опозиција, коректор на политиките, луѓе со кредибилитет и аргументирана критика. Филипче и СДСМ се во политички нокдаун, време е Филипче да си замине од СДСМ и од политиката – порача тој.

На крајот, Манасиевски додаде дека на земјата и е потребна вистинска опозиција, која ќе придонесе за унапредување на демократските процеси во Македонија.

Поврзани содржини