ПОЧИНА ДАЈАН ЛЕД Веста за смртта на холивудската легенда ја соопшти нејзината славна ќерка

Дајан Лед почина на 90-годишна возраст, оставајќи неизбришлив белег во филмската индустрија, а веста за нејзината смрт ја потврди нејзината славна ќерка, актерката Лора Дерн.

232

Почитуваната холивудска актерка Дајан Лед почина на 90-годишна возраст, веста ја потврди нејзината ќерка, исто така позната актерка, Лора Дерн, за „Холивуд репортер“.

– Мојот неверојатен херој и мојот длабок дар, мојата мајка, Дајан Лед, почина утрово покрај мене, во нејзиниот дом во Охаи, Калифорнија. Таа беше најдобрата ќерка, мајка, баба, актерка, уметница и емпатичен дух што само соништата го создаваат. Благословени сме што ја имавме. Сега лета со своите ангели – напиша Дерн.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura Dern (@lauradern)

Дајан Лед беше номинирана за Оскар три пати за нејзините споредни улоги во „Алиса повеќе не живее тука“, „Дива во срцето“ и „Расцветана роза“, каде што глумеше заедно со својата ќерка, што ја прави првиот и единствен дуо мајка-ќерка што е номиниран за Оскар. Пред две години, тие објавија заеднички мемоари, „Honey, Baby, Mine: A Mother and Daughter Talk Life, Death, Love“.

Лед ја доби Лаура со својот прв сопруг, актерот Брус Дерн, со кого беше во брак од 1960 до 1969 година. Тројцата влегоа во историјата со тоа што станаа единствениот татко, мајка и дете номинирани за Оскар за глума.

– Знаете, некои луѓе велат: „Никогаш не ги среќаваш своите херои“, но јас велам дека ако си навистина благословен, ги добиваш како свои родители. Го споделувам ова со моите актерски херои, моите легенди, Дајан Лед и Брус Дерн – рече Дерн додека го примаше Оскарот за 2020 година.

Брус Дерн беше нејзин единствен сопруг кој беше и колега актер, но тоа не беше единствениот пат кога актерката го кажа судбоносното „Да“. Нејзиниот втор сопруг беше бизнисменот Вилијам А. Шеа Џуниор, со кого беше во брак од 1969 до 1977 година. Таа се венча по трет пат на Денот на вљубените во 1999 година, кога се омажи за поранешниот извршен директор на ПепсиКо, Роберт Чарлс Хантер. Лед и Хантер беа во брак сè до неговата смрт во јули оваа година.

Поврзани содржини