ПРЕГАЗЕНИОТ ВЕЛОСИПЕДИСТ Е ЈОРГО ЌУКА, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ОХИС Ќука беше познат македонски стопанственик

Јорго Ќука беше познат македонски стопанственик, општествен работник, инженер-технолог и долгогодишен директор на хемискиот гигант ОХИС.

9,746

Велосипедистот, кој денеска настрада на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, е Јорго Ќуќа (78), поранешен директор на ОХИС.

Јорго Ќука беше познат македонски стопанственик, општествен работник, инженер-технолог и долгогодишен директор на хемискиот гигант ОХИС. Роден е во 1947 година во Крупшево, а дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во 1972 година.






Својата професионална кариера ја започнал токму во ОХИС, каде постепено напредувал – од инженер, преку раководител на погон, до главен инженер. Во 1987 година бил назначен за генерален директор на фабриката, функција што ја извршувал повеќе од две децении, до 2008 година. Под негово раководство, ОХИС беше едно од најголемите и најзначајни индустриски претпријатија во Македонија, особено во хемиската индустрија.

Покрај својата работа во фабриката, Ќука беше активен и во стопанските организации. Тој беше претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и член на Советот за меѓунационални односи. Колегите го опишуваа како дисциплиниран и стамен човек, кој ја познавал индустријата „од внатре“, од производниот процес до пазарната стратегија.

Ќука беше тешко повреден, а подоцна почина, по сообраќајна несреќа што се случи попладнево, откако возејќи велосипд, во него удрил автомобил „фолксваген пасат“ управуван од машко лице. Возачот, кој го прегазил, наместо да му пружи помош, го оставил возилото и побегнал од местото на трагедијата. Подоцна полицијата го пронајде и го уапси. Станува збор за 37-годишен скопјанец со инцијали Х.К. Против него МВР најави соодвеетна пријава.

Поврзани содржини