ПИЈАН ВОЗАЧ УСМРТИ ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО Трагична несреќа во Белград

Возачот е уапсен и утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол во организмот од 1,17 промили“.

286

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Нов Белград. Загинаа мајка, татко, кој бил сообраќаен полицаец, и нивното 9-годишно дете.

Според првите информации од истрагата, трагедијата ја предизвикал Никола Ѓ., 24-годишен државјанин на Босна и Херцеговина кој со голема брзина, возејќи Ауди со регистарски таблички од БиХ, поминал на семафор со голема брзина и удрил директно во возилото на семејството. Во автомобилот бил придружуван од патник, исто така државјанин на Босна и Херцеговина.






Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека сообраќајката се случила синоќа, околу 00:50 часот во Нов Белград, при судир помеѓу два автомобила, марки „Ауди“ и „Хјундаи“, и притоа загинале три лица.

Возачот е уапсен и утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол во организмот од 1,17 промили“, изјави Дачиќ, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини