МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ВО ОКТОМВРИ ИЗНЕСУВА 65.544 ДЕНАРИ Половина од износот се троши за храна
Тие што се под кирија имаат дополнителен трошок за станарина, вода, електрична енергија и греење, кој според пресметката на синдикатот изнесува 21.505 денари.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2025 година изнесува 65.544 денари и е зголемена за 467 денари во однос на минатиот месец кога изнесуваше 65.077. Со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.919 денари.
Според податоците на ССМ најголем дел од парите четиричлено семејство без автомобил во октомври потрошило за храната и пијалаци, 23.772 денари, што е повеќе за 378 денари во однос на потрошеното во септември (23 394 денари).
Тие што се под кирија имаат дополнителен трошок за станарина, вода, електрична енергија и греење, кој според пресметката на синдикатот изнесува 21.505 денари.
Структура на новата СMK за месец октомври 2025 година
Месечно по домаќинство | Структура во проценти | |
01 Храна и пијалаци | 23.772 | 36,3 |
02 Облека и обувки | 5.731 | 8,7 |
03 Станарина, вода, електрична енергија, и греење | 6.130 | 9,4 |
04 Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот | 2.655 | 4,1 |
05 Здравје | 1.185 | 1,8 |
06 Транспорт | 4.673 | 7,1 |
07 Комуникации | 3.417 | 5,2 |
08 Рекреација и култура | 5.592 | 8,5 |
09 Образование | 7.159 | 10,9 |
10 Ресторани и хотели | 4.131 | 6,3 |
11 Останати стоки и услуги | 1.100 | 1,7 |
Вкупно СМК | 65.544 | 100,0 |