СПЕКТАКУЛАРЕН ПЕХ ПО ФИЛМСКИОТ ГРАБЕЖ ВО ЛУВР На крадците им паднало скапоцено парче накит, полицијата го најде близу музејот

Министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез вели дека крадците биле искусни криминалци кои би можеле да бидат странци.

3,336

Една од скапоценостите што беа украдени утрово од музејот Лувр во Париз е пронајдена во близина на музејот, објави француската министерка за култура Рашида Дати.

– Скапоценоста е пронајдена во близина на Лувр, моментално се проценува – изјави Дати на телевизијата ТФ1.






Организираниот криминал сега ги таргетира уметничките дела и музеите станаа цели на крадците, додаде таа.

– Вредноста на украденото е непроценлива – изјави министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Тој откри дека крадците го извршиле грабежот за 7 минути.

– Тие се фокусираа на две витрини во галеријата на Аполо – рече Нуњез.

Изградена на барање на кралот Луј 14, оваа галерија ја содржи кралската колекција на скапоцени камења и кралски дијаманти, вклучувајќи три историски: дијамантите Регент, Санси и Хортензија.

Според францускиот дневен весник Ле Парисиен, криминалците влегле во зградата од фасадата од страната на реката Сена, каде што се во тек градежни работи. Прво, ги скршиле прозорците, а потоа украле девет парчиња од колекцијата накит на Наполеон и царицата.

Нуњез, поранешен началник на париската полиција, кој штотуку е назначен за министер за внатрешни работи, рече дека се надева дека сторителите, кои избегале со скутери, ќе бидат уапсени многу наскоро. Тој додаде дека тие биле искусни криминалци кои би можеле да бидат странци. По нивното бегство, пронајден е еден скутер.

Кога беше прашан за можни недостатоци во системот за надзор, министерот за внатрешни работи одби да коментира, но истакна дека безбедноста на музејот е кревка.

🎥 ДОШЛЕ ДО ЛУВР СО СКУТЕРИ, ВЛЕГЛЕ СО КРАН И СО МОТОРНИ ПИЛИ, ОДНЕЛЕ НЕШТО МНОГУ ВРЕДНО Филмски грабеж во славниот музеј во Париз

Поврзани содржини