НЕПРЕЧЕНО ПОЧНА ГЛАСАЊЕТО НА БОЛНИТЕ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА И НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ Немоќните ќе го остварат правото на глас на домашна адреса
Нема проблеми и непречено и навремено почна гласањето на болните и изнемоштените, на штитениците во домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и на осудениците во прилепскиот затвор, вели Валентин Божиноски, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп.
Непречено почна гласањето на болните и изнемоштените во Прилепскиот регион. Од општинската изборна комисија во Прилеп потврдуваат дека нема никакви проблеми во текот на гласањето.
– Нема проблеми и непречено и навремено почна гласањето на болните и изнемоштените, на штитениците во домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и на осудениците во прилепскиот затвор – вели Валентин Божиноски, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп.
Во Прилеп, денеска своето право на глас го остваруваат 298 болни и изнемоштени лица, 60 штитеници во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и 119 осуденици во прилепскиот затвор.
Денеска гласаат и 222 болни и изнемоштени лица во општина Крушево, 61 во Кривогаштани и 105 болни и изнемоштени во општина Долнени.
Општинската изборна комисија (ОИК) во Битола информира дека утрово во 7 часот почна гласањето во двата домови за стари лица и во битолскиот затвор.
Во изјава за медиумите, претседателот на ОИК Игор Талевски посочи дека денеска ќе гласаат и 141 болни и немоќни лица.
– Гласањето почна и се гласа во старскиот дом „Сју Рајдер“ каде може да гласаат 70 лица, во домот „Софија“ каде може да гласаат 38 лица и во битолскиот затвор каде се евидентирани 105 затвореници. Паралелно непречено се одвива процесот за предавање на изборниот материјал од ОИК Битола на избирачките одбори каде има пријавени болни и немоќни лица кои денес ќе го спроведат гласањето за 141 лице на нивните домашни адреси – потврди Талевски.
– Вкупно 296 болни и изнемоштени лица и седуммина затвореници денеска ќе го остварат своето право да гласаат на 77 избирачки места на првиот круг од локалните избори во Струга и струшко – информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.
Според него, непречено се одвива преземањето на избирачкиот материјал од страна на избирачките одбори и гласањето на болните и изнемоштени лица во нивните домови.
За градоначалничката функција во Струга ќе се избира меѓу девет кандидати, додека за членови на Советот ќе се бира од 10 советнички листи.
На територијата на општина Струга граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право на 101 избирачко место.
Во Општина Вевчани денеска ќе гласаат деветтмина болни и изнемоштени и еден затвореник. Во оваа општина правото на глас на локалните избори ќе го остварат 2.090 гласачи на три избирачки места.