ЛАБУДОВИЌ ПОВИКА ДА СЕ ГЛАСА ЗА ПРОМЕНИ ВО ЦЕНТАР Кандидатот на ЗНАМ ветува работа и резултати

53

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, од ЗНАМ – За наша Македонија, ги повика граѓаните да излезат на изборите в недела и да гласаат за промени.

– Ви се обраќам со срце исполнето со благодарност, одговорност и верба дека Центар може повторно да блесне. Ова не е само повик за избори – ова е повик за промена, надеж и иднина што ќе ја создадеме заедно. Центар не е само општина – тоа е нашето срце.
Стојам пред вас со јасна визија за тоа во каква општина сакаме да живееме. Јас сум човек кој сака да направи промена – со знаење, тим и искреност. Не ветувам невозможни работи. Ветувам посветеност, план и резултати. Ветувам дека секој проект, секоја идеја и секоја промена ќе има една цел – подобар живот за сите нас – нагласи Лабудовиќ.






Тој потсети дека програмата е создадена со јасна мисла – да се изгради Центар почист, поуреден, позелен и похуман.

– Да создадеме општина што дише, што се грижи, што инспирира. Ова не е само моја визија – ова е наша заедничка задача. Верувам во заедништвото. Верувам во секој од вас што верува дека Центар може подобро. Затоа, ве повикувам: Излезете и гласајте за нова енергија, за чесност, за визија што се гледа во дела. На гласачкото ливче заокружете број 2 – повика Лабудовиќ.

Поврзани содржини