СО ТОПЛИФИКАЦИЈАТА НА БИТОЛА 36 ИНСТИТУЦИИ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДАТ ОД ЦВРСТО ГОРИВО Се подготвува теренот за пречистителната станица
Направивме зелен катастар и многу обемна програма за енергетска ефикасност, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски.
Донесувањето на генералниот урбанистички план на Битола, кој го почна оваа гарнитура, е решение за инфраструктурните предизвици и за предизвиците во животната средина, рече Тони Коњановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола.
Зборувајќи за она што е преземено и што ќе се презема за заштита на животната средина тој зборуваше за двата капитални проекти кои се дел од решенијата за справување со загадувањето – топлификација и пречистителна станица.
– Делот на топлификацијата, кој е во завршна фаза, ќе овозможи 36 јавни институции да се ослободат од тврдото гориво. За пречистителната станица во тек се подготвителните работи на терен. Тоа се 2 проекта на ВМРО-ДПМНЕ кои го решаваат загадувањето. Направивме и зелен катастар и многу обемна програма за енергетска ефикасност – рече Коњановски во гостување на ТВ24.
Тој зборуваше и за инфраструктурниот бум во Битола во изминатите 4 години, во кој период во Битола целосно се реконструираа улици во должина од 50 километри.
– Во наредниот мандат ќе се продолжи со истиот интензитет. Напавивме комплетна реконструкција на улици во должина од над 50 километри, па се зафативме со два капитални проекти – влез кој никој немал храброст да го отпочне од едната страна и она другото што го планираме од страната на Охрид – рече Коњановски.