СДСМ Е НАЈГОЛЕМАТА ДЕПОНИЈА ВО ЦЕНТАР! Прво себе си исчистете се, порачува ЗНАМ

И наместо да чистат депонии на пет дена пред избори, ги облекоа работниците во нови униформи, СДСМ треба да се исчисти сам од лагите, манипулациите и неуспесите што четири години ги затрупуваат граѓаните на Центар – вели портпаролот на СДСМ Никола Мемов.

146

Движењето ЗНАМ За Наша Македонија го обвини денеска СДСМ за неспособност и лошо работање: „Наместо да одговорат зошто четири години ништо не сработија, зошто премолчуваат на дивоградби кои никнуваат пред нивните очи, тие повторно се вплеткуваат во лаги, спинови и соопштенија напишани во нивните мувлосани партиски канцеларии, далеку од реалноста. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија не е против чистење -туку против незаконски акции, злоупотреби и предизборен маркетинг на сметка на граѓаните“ – рече Никола Мемов, портпаролот на ЗНАМ на денешната прес конференција.

Тој го негира тврдеењето на СДСМ дека проектот во Крњево се спроведува според важечки ДУП.






– Ајде да бидеме сериозни. Ако деталниот урбанистички план (ДУП) не е усогласен со актуелниот Генерален урбанистички план (ГУП), тој НЕ МОЖЕ да се применува.

Тоа јасно стои во член 35, став 5 од Законот за урбанистичко планирање.

Во членот 2 стои дека градежно земјиште на кое не се формирани градежни парцели, што е ограничено со регулациони линии служи за општа употреба односно за изградба на јавните простори: улици, плоштади, инфраструктури, урбано зеленило и друго.

Ако овој простор според оваа одредба во Законот, е предвиден за сообраќајница според ГУП, а не за урбано зеленило (уште помалку и со ДУП), како тоа Општина Центар реализира проект според важечки ДУП кој не е усогласен со ГУП на Градот Скопје?

На тие што не им е јасно во членот 11 став 3 од Законот за урбанистичко планирање прецизно е наведено што содржи Генералниот урбанистички план, додека описот на Деталниот урбанистички план е даден во член 13 став 3 и 4 од истиот Закон – рече Мемов.

Тој упати јавно прашање до СДСМ и Општина Центар.

– Како може Општина Центар, предводена од СДСМ, да не ги почитува овие одредби од законот и на простор кој, според Деталниот урбанистички план и Генералниот урбанистички план, е предвиден за примарна сообраќајница – булевар „Крушевска Република“, да тврди дека има проект кој е предвиден според важечкиот ДУП за уредување на просторот со зеленило, урбана опрема и игралиште? И, кој сега не ги разбира основите?

Очигледно оние што со години го кршат законот, денес се обидуваат да се претстават како реформатори. Нема јавна расправа, нема усогласеност со ГУП, нема транспарентност – има само лаги, паника пред избори и фото-акции за спас на рејтингот. Главна особина на владеењето на СДСМ е нивната неспособност. Господа од СДСМ, и сами да се тркате, ќе завршите на второ место. Ете, до толку сте неспособни!

И наместо да чистат депонии на пет дена пред избори, ги облекоа работниците во нови униформи, СДСМ треба да се исчисти сам од лагите, манипулациите и неуспесите што четири години ги затрупуваат граѓаните на Центар.

На 19 октомври, граѓаните ќе направат вистинско чистење – ќе го исчистат Центар од неспособноста на градоначалникот и локалната власт што мисли дека законот е нивна сопственост.

На 19-ти октомври Центар ќе избере Градоначалник кој ќе работи од првиот до последен ден на мандатот, почитувајќи ги законите и јавниот интерес – рече портпаролот на СДСМ Никола Мемов.

Поврзани содржини