ЦЕЛТА Е ЈАСНА, ОДИМЕ НА ПОБЕДА! Димитриевски за вечерашниот меч со Казахстан

Очекувам голема поддршка од навивачите, се надевам дека ќе бидат во што поголем број на стадионот за да ни дадат дополнителна сила – вели голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски.

103

На Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје вечер од 20:45 часот, македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Казахстан. Овој натпревар е претпоследен за двете селекции во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

За „црвено-жолтите“ мечот има големо значење, бидејќи со победа ќе ги задржат шансите за пласман на Мундијалот.






Голманот Столе Димитриевски, очекува голема поддршка од трибините и уверува дека тимот размислува само за победа.

– Нашата цел е јасна, да излеземе на терен и да победиме. Очекувам голема поддршка од навивачите, се надевам дека ќе бидат во што поголем број на стадионот за да ни дадат дополнителна сила. Секако дека постои разлика меѓу Белгија и Казахстан, но тоа не значи дека ќе биде лесно. Со помош на публиката верувам дека ќе стигнеме до поволен резултат, а тоа, секако, е победа за нас – изјави Димитриевски на прес-конференцијата пред утрешниот меч.

Во групата Ј македонската репрезентација е лидер со 12 бода, Белгија има 11 и натпревар помалку, Велс е трет со 10 исто така со натпревар помалку, Казахстан има шест, Лихтештајн е без освоен бод.

Поврзани содржини