📷 ПО 3 ДЕЦЕНИИ СЕ ГРАДИ ВОДОВОД ВО ЉУБАНЦИ И ВО ЉУБOTЕН Николоски и Мицкоски беа на увид на работите за пумпна станица и за цевковод

Со реализација на проектот се гради пумпна станица во Радишани, цевковод од пумпната станица Љуботен до резервоар Љуботен и цевковод од пумпна станица Љуботен до резервоар Љубанци, соопшти Министерството за транспорт за проектот вреден 106 милиони денари кој ќе биде финансиран од буџетот на министерството.

73

По три децении се гради водовод во Љубанци и Љуботен, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Министерот денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски беа во работна посета на општина Бутел, каде извршија увид во градежните работи за изградба на водовод за селата Љубанци и Љуботен.

„Проектот се реализира после три децениското барање на жителите на овие населени места да добијат чиста вода за пиење. Проектот е финансиран од буџетот на Министерството за транспорт во вредност од 106 милиони денари. Проектот се реализира со цел да се обзбедат поквалитетни услови за живот за сите граѓани во општина Бутел“, соопштија од Министерството за транспорт.






Фото: Министерство за транспорт

Во написот се вели дека е предвидено да се изгради нова пумпна станица на локацијата на постојниот резервоар за висока зона како и да се изградат нови резервоари за двете населени места.

Фото: Министерство за транспорт

„Со реализција на проектот се гради пумпна станица во Радишани, цевковод од пумпната станица Љуботен до резервоар Љуботен и цевковод од пумпна станица Љуботен до резервоар Љубанци“.

Поврзани содржини