ИСКРШЕНО СТАКЛО НА ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА СДСМ ВО ГРАДСКО Партијата бара да се открие и да се казни сторителот
СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни.
Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско, соопшти партијата.
„Овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско. Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди. СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни. Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти“, се наведува во соопштението од СДСМ.
Оттаму бараат МВР и министерот Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви, случајот да се расчисти до крај и сторителите да одговараат.