🎥ОТРОВЕН ГАС НАД ДВА ГЕРМАНСКИ ГРАДА ПО ИНЦИДЕНТ ВО ФАБРИКА Жителите седат дома со затворени прозорци и со исклучени климатизаци

Федералната канцеларија за цивилна заштита соопшти дека облакот над Мајнашаф и Ашафенбург може да биде токсичен. На жителите им е наложено да им помагаат на децата и ранливите лица, да ги примаат ранливите лица и да ги следат најавите на полицијата и пожарникарите.

236

Во германскиот град Мајнашаф е во тек голема итна операција по инцидентот во индустриски погон што резултираше со ослободување на облак од отровен гас, соопштија синоќа локалните власти.

Четири лица се здобија со полесни повреди, соопштија властите на покраината Баварија.






Околу 250 лица од службите за итни случаи беа на местото на настанот во пикот на операцијата, наведе портпаролот на противпожарната бригада, пренесе ДПА.

Облакот поминал и над блискиот град Ашафенбург, поради што властите ги повикале жителите да останат во затворен простор.

Федералната канцеларија за цивилна заштита соопшти дека облакот може да биде токсичен.

На жителите им е наложено да им помагаат на децата и ранливите лица, да ги примаат ранливите лица и да ги следат најавите на полицијата и пожарникарите.

Локалните власти, исто така, советувале прозорците и вратите да се држат затворени, а системите за вентилација и климатизација да се исклучат.

Причината за инцидентот во фабриката и неговиот обем сè уште се непознати.

Мајнашаф и Ашафенбург се соседни градови одвоени само неколку километри, додека поголемиот град Франкфурт се наоѓа на северозапад.

Поврзани содржини