ЗЛАТНА ТРЕСКА ВО БУГАРСКО ЦАРЕВО, БУРАТА ОДНЕСЕ СЕФ Багерите роварат, каде се 2.000.000 лева и златните прачки?

Првите индиции за појава на банкноти се појавиле на една од градските плажи, откако катастрофалното невреме ги разурнало делови од крајбрежјето. Потоа се проширила гласина за исчезнат сеф, што предизвикало масовна потрага по „закопано богатство“. Меѓутоа, за разлика од романтичните легенди, овојпат во потрагата се вклучила и државата Бугарија.

924

Банкноти расфрлани на поплавен брег, нуркачи во потрага по метален сеф и багери што копаат песок во воена атмосфера, вака утрото го дочека бугарскиот град Царево, откако се проширија информации дека од локална фирма исчезнал метален сеф со 2.000.000 лева и златни прачки, јави бугарскиот портал Новините.

Општината веднаш поставила контролни пунктови, додека полициски патроли детално ги проверуваат сите возила, а во градот се пуштаат само лица со валидна причина за влез. Плажите се прогласени за забранета зона, со цел да се спречат таканаречените „ловци на богатство“ кои во групи се појавиле во обид да најдат злато или кеш.






– Се тврди дека поплавниот бран однел метален сеф од локалната компанија за тешка механизација „Авто Јани“, во кој имало документи за камиони, багери и евентуално пари. Немам информации дали тоа е пријавено во полицијата или воопшто е регистрирано како штета. Не можеме со сигурност да кажеме дека парите на плажата се од тој сеф – изјави градоначалникот на Царево, Марин Киров.

Тој додаде дека општината не е вмешана во случајот. На новинарско прашање дали нуркачи официјално трагаат по сефот, Киров рече дека денес, додека бил со тимовите за превенција од новото невреме најавено од метеоролозите, лично видел нуркачи во морето, но не знае со каква цел.

Првите индиции за појава на банкноти се појавиле на една од градските плажи, откако катастрофалното невреме ги разурнало делови од крајбрежјето. Потоа се проширила гласина за исчезнат сеф, што предизвикало масовна потрага по „закопано богатство“.

Меѓутоа, за разлика од романтичните легенди, овојпат во потрагата се вклучила и државата. Освен полицијата, во операцијата се ангажирани багери што пребаруваат песок и тиња, како и тим професионални нуркачи кои го истражуваат морското дно во близина на плажата.

Според информациите, фирмата „Авто Јани“ се занимава со тешка механизација, а сефот што исчезнал наводно содржел вредни документи. Иако се шпекулира дека имало и пари и злато, официјална потврда за тоа нема. Надлежните институции засега молчат за точниот обем на евентуалната загуба.

Од друга страна, улиците на Царево се претвориле во сцена од крими-филм – секој влез е под надзор, а мештаните велат дека никогаш не виделе вакво нешто. Стотици „копачи на среќа“ биле враќани уште на приодите кон градот.

Иако вистинската вистина за исчезнатиот сеф сè уште се истражува, ефектот врз локалната заедница е веќе очигледен – Царево, опустошено од поплави, сега е сцена на вистинска „златна треска“.

Поврзани содржини