МАКЕДОНЕЦ ЗАГИНА ПРАВЕЈЌИ БОМБА ВО БЕЛГРАД Сакал да ликвидира дилер на дрога

Македонец е најверојатно загинатиот во неодамнешната експлозија во стан во Белград, а загинал додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога, објавија белградските медиуми. 

1,792

Во експлозија што се случи вчера во изнајмен стан на улицата Косовска во Белград, најверојатно загинал граѓанин на Македонија додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ наменета за ликвидација, објавија српските медиуми.

Сè уште се чека официјална потврда на идентитетот на загинатиот. Сите полициски служби, Безбедносно-информативната агенција и Вишото јавно обвинителство во Белград се ангажирани во решавањето на овој случај.






– Оперативните информации укажуваат дека бомбата била наменета за дилер на дрога од Белград. Целата мрежа на криминални пресметки што е подготвена во главниот град е поврзана со навивачки структури блиски до криминални групи – изјави соговорник за Курир.

Експлозијата се случи на третиот кат од зграда во таа улица во Белград. Првичните информации беа дека експлодирала плинска боца.

Поради силата на детонацијата, преградните ѕидови и подот на станот беа разрнати, прозорците беа скршени, а неколку автомобили на улицата беа оштетени.

Поврзани содржини