„ФИЛИПЧЕ, КОЈ БОНБОНА БИЗНИС ИМ ГО ПОНУДИ НА БУГАРИТЕ?“ Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ го прозива лидерот на СДСМ

Од километар се гледа намерата на Филипче и минирањето на македонските позиции. Ако Венко Филипче е искрен тој ќе застане зад позициите на Владата, а не од национални теми да прави шибицарски фори – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

656

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од прес-конференција го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче, да одговори која е заднината на резолуцијата предложена од СДСМ за односите со Бугарија.

– СДС и Венко Филипче деновиве од петни жили се трудат да испратат сигнали до Бугарија дека се спремни да направат сѐ, да клекнат и да прифатат секоја позиција, па излегоа со наводна резолуција. Резолуцијата не е за Венко не е за Македонија, таа е за Бугарија! Знак и сигнал што сѐ е спремен да направи, да договара, да преговара и дополнително да ја понижува државата. Венко Филипче, кажи што си договорил со Бугарите и кој бонбона бизнис им го нудиш, кога веќе еднаш подметна француски предлог? Дали преку таквата резолуција се нудиш како Заев што се нудеше своевремено?






СДС и Филипче мислат дека тоа што поминало еднаш, ќе помине и втор пат. Забораваат една работа, народот е мудар и не можат да го прелажат. Од километар се гледа намерата на Филипче и минирањето на македонските позиции. Ако Венко Филипче е искрен тој ќе застане зад позициите на Владата, а не од национални теми да прави шибицарски фори. Венко Филипче е прочитан и народот уште еднаш ќе го казни СДС на овие избори – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Поврзани содржини