СТИХОВИ ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ ОДЕКНАА СРЕДЕ ДЕБАТАТА ВО СТРАЗБУР Ништо не го ништи пирејот, порача Марија Петрушевска

ВВо Стразбур се дебатираше дали Бугарија заслужува по 25 години да не биде под мониторинг на своите механизми за човекови права и владеење на правото. На седницата, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ цитираше стихови од Петре М.Андреевски порачувајќи дека македонското малцинство секогаш ќе опстојува и ќе се крева за своите човекови права.

1,483

„Почитувани колеги, постои македонски роман ‘Пиреј’ од Петре М. Андреевски: Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева“.

Со овие стихови од познатиот македонски поетски великан пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ се обрати пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа во дебата за мониторингот за малцинските права во Бугарија.






– Цврсто верувам дека, без разлика на однесувањето на бугарските власти, македонското малцинство секогаш ќе се преродува, секогаш ќе се крева и секогаш ќе опстојува – цврсто порача Петрушевска во Стразбур.

Во Стразбур се дебатираше дали Бугарија заслужува по 25 години да не биде под мониторинг на своите механизми за човекови права и владеење на правото.

Притоа, Петрушевска укажа на причините зошто ПАЦЕ треба внимателно да ги следи состојбите со човековите и малцинските права во оваа земја каде Македонците сè уште се под силна дискриминација од државните институции.

Во дебатата преходно беше истакнато дека околу 90 пресуди на Судот за човекови права во Стразбур сè уште не се имплементирани од Софија а една третина се постари од 10 години.

Петрушевска на почетокот се заблагодари на известувачите за овој важен извештај од кој се гледа дека Бугарија продолжува да одбива да ги спроведе пресудите.

– Како што е нагласено во Извештајот, остануваат сериозни загрижености во врска со човековите права, вклучително и оние на етничките Македонци. Македонците не се вклучени во програмите за малцинствата, тие не добиваат никаква помош и немаат претставници во консултативните тела. Нивниот јазик, литература и историја не се изучуваат и им е спречено да основаат организации за да ги бранат своите права. Да ве потсетам дека признавањето како „национално малцинство“ од Бугарија не е предуслов за заштита според Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства – истакна Петрушевска.

 

Таа потсети и дека Бугарија 18 години одбива да ги регистрира македонските здруженија, кои, како што рече се симбол на храброста и демократската борба на македонското малцинство за најосновните човекови права.

– Главната грижа во овој поглед останува неизвршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, особено во случаите УМО Илинден и други против Бугарија. Бугарија веќе 18 години одбива да го регистрира ова здружение.

Иако ко-репортерот на Собранието посочи дека Бугарија сè уште се соочува со низа проблеми со мнозинство гласови од присутните беше изгласан крај на пост мониторингот врз Бугарија со обврска на Софија да работи со своите соседи институции на на надминување на проблемите кои се уште постојат.

Поврзани содржини