СТИГНА СИБИРСКИОТ БРАН Ќе наврне повеќе од 60 сантиметри снег, а ќе има и појава на мраз

677

Под влијание на циклонска активност и на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, односно од Русија се спушта кон нашиот дел од континентот, до крајот на денов како и утре времето ќе биде облачно и невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври со врнежи од дожд кои во најголем дел ќе бидат обилни и ќе наврнат повеќе од 30 литри дожд на квадратен метар, локално и повеќе од 60 литри дожд на квадратен метар. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег  и на планините ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона (над 50/60 сантиметри снег). Поради заладувањето понатаму повремени врнежи од снег ќе има  и во дел од повисоките градови во западните  и во северните предели од Македонија.






Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниов ЛИНК.

Поврзани содржини