КУМАНОВО ЌЕ СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО Димитриевски предвидува нови индустриски зони

Според Димитриевски, бројот на невработени во Куманово е голем, но голем дел од нив не се соодветно квалификувани за работните задачи во постоечките компании.

30

Кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриески денеска беше во посета на неколку бизнис субјекти во Куманово кои се во сопственост на домашни инвеститори.

– Наша главна цел во рамките на третиот мандат би била развој на домашното стопанство и поголем простор и за домашни, но и за странски инвестиции во градот. Развој на нови индустриски зони, по примерот на веќе потврдената зона Новина и Речици, дополнителна помош на занаетчиството во градот, како елементарна гранка за развој на стопанството бидејќи без него немаше да се развие кумановското стопанство. Понатаму, реконструкција на двата зелени пазара со барање приватен партнер кој би инвестирал во тие реконструкции. Предвидуваме и фонд за поддршка на млади претприемачи и стартап компании за младите, поддршка на уметниците и сите креативни луѓе во градот, како и обучување и доквалификација на нашата работна сила – рече Димитриевски.






Според него, бројот на невработени во Куманово е голем, но голем дел од нив не се соодветно квалификувани за работните задачи во постоечките компании. Димитриевски најави и туристички пакети и брендирање на општина Куманово како викенд дестинација во регионот.

Поврзани содржини