ЏОРЏ КЛУНИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ГЛУМАТА Актерот донел една од најтешките одлуки во својот живот, а ова е причината

Џорџ Клуни открил дека ќе ја прекине својата актерска кариера за да може да им се посвети на 8-годишните близнаци што ги има со сопругата Амал Клуни.

1,294

Познатиот актер, режисер и продуцент Џорџ Клуни (64) одлучил да се „повлече“ и јасно ставил до знаење дека бркањето големи проекти повеќе не му е приоритет.

Клуни открил дека ќе ја прекине својата актерска кариера за да може да им се посвети на 8-годишните близнаци што ги има со сопругата Амал, позната адвокатка за човекови права.






– Веќе не сум во таа луда трка по успех. Имав своја кариера во многу аспекти и работите некако се смирија, такашто сега можам да бидам дома со моите деца и тоа е многу забавно. Сè уште сум доволно млад за да можам да трчам наоколу со нив. Тоа сега почнува брзо да исчезнува, но во моментов сè уште можам да го правам. Па, навистина се забавувам – изјави Клуни за Fox’s Extra.

Семејството на прво место

Клуни, кој зборуваше на премиерата на неговиот најнов филм „Џеј Кели“ на Филмскиот фестивал во Њујорк, рече дека ја жртвувал изминатата деценија за да работи во Холивуд на сметка на своите деца и сопругата Амал.

Актерот кој ги има 8-годишните близнаци Александар и Ела со сопругата Амал, рече:

– Тоа сигурно не е само шоубизнис искуство. Веројатно ги имате истите разговори во речиси секоја професија: „Посакувам да не ги пропуштев важните искуства на моите деца додека работев“. Тоа е жртва што ја правиш за да успееш во која било работа.

На премиерата на филмот „Џеј Кели“, кој излегува во кината на 14 ноември, тој пристигна со својата сопруга, адвокатката за човекови права Амал (47), која ги воодушеви сите во спектакуларен црвен мини фустан со кадифен горен дел и впечатливо здолниште со цветни детали.

Славниот пар неодамна ја прослави својата 11-годишнина од бракот со романтична вечера.

Во ѕвездената екипа на „Џеј Кели“ се и Лора Дерн, Џим Бродбент, Рајли Кео, Исла Фишер, Били Крудап и режисерката на „Барби“, Грета Гервиг.

Поврзани содржини