ИЗБОРОТ НА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ОДЛОЖЕН ЗА ПО ИЗБОРИТЕ Со советот ќе раководи заменик претседателот Башким Бесими

Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава.

469

Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава.

Изборот на нов претседател Советот го одложи за после локалните избори. До изборот на нов претседател со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими.






Под точка разно, се вели во соопштението по седницата, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се осврнал на проблемите со кои се соочува Јавното обвинителство, како што се недостиг на јавнообвинителски кадар, јавнообвинителски службеници, како и на финансиски средства за нормално функционирање.

Поврзани содржини