СИТЕ ГОСТИ НА СВАДБАТА ДОБИЛЕ „КАФЕТИН“ Се ожени српскиот рапер Стјепан Јелица, попознат како Албино
Посебно внимание кај гостите привлекла пораката на секоја чинија со која секој од нив добил и по еден „кафетин“ од „Алкалоид“.
Популарниот српски рапер Стјепан Јелица, попознат како Албино, го кажал судбоносното „да“ на својата избраничка на емотивна церемонија, која се одржала во престижен ресторан во Белград.
Младенците танцувале и биле расположени, а за оваа пригода раперот избрал елегантен црн костум, додека неговата сопруга Исидора блескала во необична бела венчаница.
Пред влегувањето во свечената сала, младенците и гостите биле пречекани со труби, додека подоцна атмосферата ја загреала Рада Манојловиќ, во придружба на бендот Тропико, која ги извела најголемите хитови од домашната музика.
Свадбената декорација беше на ниво на луксузни прослави – златни детали на масите, луксузни букети од бели лилјани и рози, свеќи и елегантни аранжмани, како и внимателно дизајниран агол каде што гостите можеле да остават пораки за младенците. Посебно внимание привлекла пораката на секоја чинија со која гостите добиле и по еден „кафетин“ од „Алкалоид“.
На свадбената прослава присуствувале многу познати личности од естрадата.