НИКОЛ КИДМАН СЕ РАЗВЕДУВА Австралиската актерка се обидувала на сите начини да го спаси бракот, но Кит Урбан се отселил

Актерката Никол Кидман и нејзиниот сопруг Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак, објавува TMZ.

541

Никол Кидман и Кит Урбан се разведуваат после 19 години брак, а според пишувањата на медиумите двојката не живее заедно од почетокот на јули, кога пејачот се отселил од дома, а актерката останала со нивните две деца.

Извор за TMZ наведува дека Никол „го држела семејството заедно во овој тежок период откако Кит го нема“.






Тој понатаму наведува дека одлуката била еднострана и дека Никол не сакала развод и се обидела на секој начин да го спаси бракот.

– Кит основал свој дом во Нешвил и се иселил од семејниот дом – наведува изворот.

Кит и Никол се во брак 19 години и имаат две деца, на возраст од 14 и 17 години.
Имаше гласини за развод уште во 2016 година…
Познатата австралиска актерка претходно беше во брак со холивудската легенда Том Круз, со кого има две посвоени возрасни деца – ќерка и син.

Поврзани содржини