СКОПЈАНЕЦ СО МЕСЕЦИ Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СОПРУГАТА И Ѝ БАРАЛ ПАРИ Полицијата приведе 37-годишен маж кој заврши во притвор

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 37-годишен маж за изнуда и загрозување на сигурноста на сопругата; судија му одреди 30 дена притвор.

803

37-годишниот скопјанец Д.Т. доби кривична пријава поради закани и изнуда од сопругата. Според информациите, тој подолг период се заканувал на својата 43-годишна сопруга и од неа барал пари, по што полицијата реагирала и го привела.

Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „изнуда“.






Пријавениот е лишен од слобода на 26 септември 2025 година, околу 16:50 часот, во Скопје, откако полицијата постапила по пријава за семејно насилство. По изведувањето пред судија на претходна постапка, му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

„СВР Скопје постапи веднаш по добиената пријава. Пријавениот е приведен и изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрече мерка притвор во траење од 30 дена“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини