ТРЕСЕЊЕ ВО ЗАПАДНА ТУРЦИЈА Земјотрес од 5,4 степени предизвика страв кај жителите

Силен земјотрес од 5,4 степени ја потресе западна Турција, со епицентар во областа на градот Симав.

27

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време и бил на длабочина од девет километри, според податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ.






Според податоците од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Симав во округот Ќутахија.

Земјотресот, кој бил почувствуван и во соседните области, бил на длабочина од 8,4 километри, соопшти AФАД.

Поврзани содржини