„НЕ ДАВАМЕ ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА“ Се реконструира улицата 5 Мај, се пофали Меџити

Вредноста на овој проект е околу 5 милиони денари и истиот е финансиран од Владата. Оваа улица е од особено значење, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на комплексот „Чаирчанка“, што сè повеќе се развива во интегрирана станбено-деловна зона - додал Меџити.

26

Првиот потпретседател на Владата и воедно кандидат на коалицијата Вреди за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска ги следеше работните активности на улицата 5 Мај во населбата Серово, соопштија од неговиот тим.

Меџити кажал дека станува збор за значаен проект, што бил директен одговор на барања на граѓани.






Тој додал дека со целосната реконструкција на оваа улица, од крстосницата со улицата ЛПК до паркингот кај комплексот „Чаирчанка“, се презема конкретен чекор кон урбан развој и создавање подобри услови за живот на жителите.

– Вредноста на овој проект е околу 5 милиони денари и истиот е финансиран од Владата. Оваа улица е од особено значење, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на комплексот „Чаирчанка“, што сè повеќе се развива во интегрирана станбено-деловна зона – додал Меџити.

Тој најавил дека паралелно со реконструкцијата на улицата е подготвен и проект за изградба на катна гаража, со што ќе се решел „сериозниот проблем со паркирањето во овој фреквентен дел на Чаир“.

– Нашиот пристап е јасен, не даваме празни ветувања, туку реализираме конкретни инвестиции. Секој проект што го започнуваме е доказ за нашата искрена посветеност и за визијата, Чаир да се развива како функционална, модерна и организирана општина – потенцирал Меџити.

Тој кажал дека ќе се продолжи со работа и транспарентност.

– Ќе продолжиме со работа, транспарентност и постојана грижа, затоа што граѓаните заслужуваат да бидат слушнати и достојно претставени – нагласил Меџити.

Поврзани содржини