📊 МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ СО УБЕДЛИВО НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА КАЈ ГРАЃАНИТЕ Филипче е на третото место – пред него е Ахмети, зад него е Апасиев

На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 25,3 отсто од испитаниците одговориле позитивно за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

527

Последните истражувања на МКД.мк за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери покажуваат дека веќе подолго време ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски имаат најголема доверба кај глаѓаните.

Од 9 до 21 септември агенцијата Маркет вижн го спроведе последното истражување на МКД.мк кое покажа дека граѓаните на претстојните локални избори ќе излезат во висок процент – 64,4%.






На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 25,3 отсто од испитаниците одговориле позитивно за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ДУИ Али Ахмети е на второ место, со предност пред претседателот на СДСМ Венко Филипче (6,3% : 4,8%). Интересно е и тоа дека вкупниот резултат на сите претседатели на македонските политички партии е помал од бројката за довербата што ја има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ова истражување покажа висок процент на можна излезност за претстојните локални избори закажани за 19 октомври и 2 ноември. Од 1.200 испитаници дури две третини (64,4 отсто) би излегле на гласање, а 23,1 отсто сè уште не одлучиле. 12,6 отсто изјавиле дека нема да излезат.

Во однос на можниот победник на претстојните локални избори за 43,4 отсто од испитаниците нема никаква дилема дека во нивната општина ќе победи партија од владејачката коалиција, а само 16,8 отсто од нив веруваат во победата на опозицијата.

За тоа за која политичка партија ќе гласаат, 22,9 отсто се определиле дека нивен фаворит ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ би гласале само 5,9 отсто од испитаниците. Околу 40 отсто од испитаниците сѐ уште не одлучиле за која партија би гласале или не сакаат да откријат или сѐ уште не одлучиле дали ќе излезат на гласање.

Во однос на случувањата во СДСМ, ова истражување покажува дека граѓаните сметаат дека претходниот претседател на СДСМ и премиер Зоран Заев сѐ уште ги контролира работите во партијата (42%). Неговата блискост со актуелниот претседател на социјалдемократите Венко Филипче очигледно е дека само го поткрепува верувањето дека Заев и натаму ги влече конците во партијата.

Анкетирањето беше спроведено од 9 до 21 септември со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Поврзани содржини