СО ЕДНОСТАВНИ ПРОМЕНИ ВО ИСХРАНАТА ПРОТИВ ХИПЕРТЕНЗИЈА Неколку природни средства кои можат да помогнат во намалувањето на високиот крвен притисок

Иако билките се природни, тоа не значи дека тие секогаш се сосема безопасни. Пред да земете какви било додатоци, консултирајте се со вашиот лекар, особено ако веќе земате лекови за крвен притисок.

296

Високиот крвен притисок е еден од најчестите здравствени проблеми денес, а покрај лековите и редовните прегледи, сè повеќе внимание се посветува на природните решенија. Бројни студии го потврдуваат она што традиционалната медицина го знае со векови – одредени билки можат да бидат сојузници во одржувањето на здравјето на срцето и крвните садови. Еве неколку природни средства кои можат да помогнат во намалувањето на високиот крвен притисок и одржувањето на здраво срце.

Лук






Тоа е природен лек за висок крвен притисок благодарение на алицинот – соединение кое ги опушта крвните садови и ја подобрува циркулацијата. Истражувањата покажуваат дека додатоците во исхраната со лук можат да го намалат и горниот (систолен) и долниот (дијастолен) крвен притисок, а исто така го намалуваат ризикот од срцев или мозочен удар. Екстрактот од зрел лук најдобро делува, а препораката е 2-3 свежи чешниња дневно.

Хибискус

Црвените цветови на хибискусот се претвораат во ароматичен чај кој е вистински еликсир за крвните садови. Антиоксидантите во хибискусот помагаат во ширењето на крвните садови и подобрувањето на циркулацијата. Студиите покажуваат дека само 1-3 чаши чај дневно можат да го намалат крвниот притисок речиси исто толку ефикасно како и послабите лекови.

За останатите природни начини со кои можете да го намалувате високиот притисок, прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини