СТРИКО НА ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ОД ДУИ СЕ ТОКМИ ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ Главен поддржувач му е државниот обвинител Љупчо Коцевски
За обвинителите кои се блиски до ДУИ оваа позиција е многу посакувана, а сѐ со цел да се опструира процесуирањето на отворените постапки за дел од кадрите на ДУИ, како што се предметите за Артан Груби и за Перпарим Бајрами, но и за модуларната болница, случај во кој првостепено е осуден екс директорот Флорин Бесими, внук на обвинителот Башким Бесими и брат на поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими.
Кадрите блиски до СДСМ и до ДУИ кои се дел од Советот на јавните обвинители (СЈО) идниот вторник започнуваат постапка за избор на нов претседател на СЈО, со цел да го задржат влијанието во јавното обвинителство.
За обвинителите кои се блиски до ДУИ оваа позиција е многу посакувана, а сѐ со цел да се опструира процесуирањето на отворените постапки за дел од кадрите на ДУИ, како што се предметите за Артан Груби и за Перпарим Бајрами, но и за модуларната болница, случај во кој првостепено е осуден екс директорот Флорин Бесими, внук на обвинителот Башким Бесими и брат на поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими.
За кадрите во ЈО кои се блиски до СДСМ контролата на оваа институција е битна заради предметот за додатоците на обвинителите од поранешното Специјалното јавно обвинитлество, меѓу кои лично засегнати се обвинителите Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Главен координатор на оваа операција е државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој во изборот на Башким Бесими за нов претседател на Советот на јавни обвинители гледа шанса за негово понатамошно влијание и во периодот после неговото разрешување од позицијата главен државен обвинител. Согласно обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во врска со скандалот со прислушкувањето од страна на АНБ, Коцевски бил битна карика во синџирот на СДСМ, во врска со следењето на тогашниот прв опозиционер Христијан Мицкоски, како и одредени новинари и бизнисмени.
Од извори во Советот на јавни обвинители дознаваме дека на последниот колегиум, Ермон Незири, член на Советот и близок пријател на Гаврил Бубевски, го предложил Башким Бесими, стрико на бившиот министер за финансии од редовите на ДУИ, за иден претседател на Советот за јавните обвинители.
Државниот обвинител Љупчо Коцевски активно лобирал кај членовите на Советот да гласаат Бесими да биде избран за прв човек на оваа институција, а најголеми напори вложува да ја добие поддршката на актуелната претседателка на СЈО, Душица Димитриевска, на која овој месец ѝ истекува мандатот на таа позиција.
Ваквата агилност на обвинителите блиски до СДСМ и ДУИ во изборот на претседател на Советот на јавниобвинители, има за цел да се минимизираат најавените реформи во судството, како и да се саботира одговорноста пред законот на одредени функционери од поранешната власт за кои постојат оформени предмети.
Башким Бесими е роден во 1966 година во Тетово, а дипломирал на Правниот факултет во Приштина во 1991 година.