ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРИ, ПРИВЕДЕНИ СЕ 56 ЛИЦА Од април до септември имало 2.012 пожари во Македонија
Од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 23.09.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Законот за шуми.
Поднесени се 32 кривични пријави во врска со пожари на отворен простор, а лишени од слобода 56 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Министерството известува дека од 01.04.2025 до 23.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица и поднесени се 32 кривични пријави.
Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност, велат од МВР.
Од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 23.09.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Законот за шуми.
Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.
Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите, додаваат од МВР.