🎥 ИМАМЕ РЕЦЕПТ ЗА БЕКЏЕМ Еве како славниот фудбалер прави мармалад од сливи кои сам ги одгледува

Дејвид Бекам на својот профил на Инстаграм покажа како прави џем од сливи што самиот ги одгледува и го нарече „Beckjam“ (Бекџем).

781

Некогаш светски познат по фудбалот, Дејвид Бекам сега му се посветил на градинарството и, изненадувачки, на правењето џем! Бекам ги посетува кокошките, се грижи за пчелите и работи во градината на својата куќа во Котсволдс секое утро, и се чини дека оваа рутина совршено му одговара.

Кога сливите созрееале, Дејвид решил да направи џем. Ја направил првата тура со обичен шеќер, а за втората – поздрава верзија – користел фруктоза. Неговата сопруга Викторија го снимала и тој смешно ги означил теглите како „Бекџем“. Интернетот експлодираше од реакции од воодушевени жени.






Очигледно, Бекам ја нашол својата вистинска страст во оваа фаза од својот живот: уживање во едноставни задоволства, како што се работа во градината и овоштарникот, одгледување кокошки и готвење, па дури и правење зимница, како џем од сливи. И додека Викторија внимателно документира сè на Инстаграм, Дејвид ужива во својата нова, порелаксирана улога – улога на домаќин.

Во видеото можете да видите како Дејвид Бекам го направи својот џем од сливи, а нашиот рецепт за џем од сливи со рум ќе го најдете ТУКА.

 

Џем од сливи

Состојки:

5 кг сливи

1 кг шеќер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@__beckham75__)

Поврзани содржини