НАУЧНИЦИТЕ НАЈДОА СИЛНА ВРСКА МЕЃУ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ И ДЕМЕНЦИЈАТА Високите концентрации на PM2.5 честички се поврзани со развојот на патолошки промени во мозокот

Воочи 21.септември, денот на Алцхајмеровата болест кој ќе биде одбележан со Алцхајмер матине, во фоајето на Македонскиот народен театар, од 12 до 14 часот, од Институтот за Алцхајмерова болест и Невронаука, посочуваат на најнови научни сознанија за поврзаноста на загадениот воздух со деменцијата

223

– Сериозен научен труд, како порачан за месецот кога ја подигнуваме јавната свест за Алцхајмеровата болест и со „полни гради“ дишеме отров. Доказ дека високите концентрации на PM2.5 честички се силно поврзани со развојот на патолошки промени во мозокот карактеристични за Алцхајмеровата болест и побрзо когнитивно и функционално пропаѓање, вели доктор Габриела Новотни од Клиниката за неврологија и претседател на здружението за подобрување и унапредување на правата на лицата со Алцхајмерова болест – Институт за Алцхајмерова болест и Невронаука.

На својата страница на Фејсбук, од Институтот споделија линк до големата студија на Универзитетот во Пенсилванија, објавена во JAMA Neurology.






Загадениот воздух ја влошува Алцхајмеровата болест, покажува ново истражување

Според новата обдукциска студија, загадувањето на воздухот со фини честички (PM2.5) е директно поврзано со напредувањето на деменцијата и со оштетувањата во мозокот карактеристични за Алцхајмеровата болест.

Истражувањето опфатило 602 лица со обдукциски потврдени случаи на деменција или други невродегенеративни болести, починати во период од 1999 до 2022 година. Научниците користеле прецизен модел за да ја проценат изложеноста на PM2.5 во годината пред смртта на секој испитаник.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини